Вториот дел на „Опаку наопаку“ (Inside Out 2) постави рекорд на киноблагајните откако во првиот викенд од прикажувањето заработи 295 милиони долари на светско ниво. Компанијата „Пиксар“, која е дел од „Дизни“, објави дека тоа е најдоброто отворање на анимиран филм на сите времиња, што е опишано како голема победа за кината.
Во Северна Америка, филмот оствари заработка од 155 милиони долари во првиот викенд.
Продолжението го надмина и оригиналниот филм од 2015, кој заработи 90 милиони долари во првиот викенд и доби Оскар за најдобар долгометражен анимиран филм.
Меѓу познатите актери кои позајмуваат глас во вториот дел се Ејми Полер, Маја Хок, Кајл Меклахлан и Дајен Лејн.