КИМ ЏОНГ УН МУ ПОДАРИ КУЧИЊА НА ПУТИН ОД РАСА ШТО Е НЕПОЗНАТА НАДВОР ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА

Москва, (АФП)

Владимир Путин и Ким Џонг Ун разменија подароци при вчерашната прва посета на рускиот претседател на Северна Кореја по пауза од 24 години. Путин го поднови Ким со руска лимузина „аурус“, додека тој од севернокорејскиот лидер доби уметнички дела и две кучиња од локалната раса пунгсан.

Оваа ретка раса на големи ловечки кучиња се одгледува во северниот дел на Северна Кореја и практички е непозната во остатокот од светот. Расата, која има потекло од волци, го добила името по некогашното име на северниот регион Кимјонгвон.

Во 2014, пунгсан беше прогласен за национално куче на Северна Кореја.

(Фото: АФП)