МНТ ГО ОТВОРА 22. МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА АКТЕРОТ ВО НИКШИЌ СО ПРЕТСТАВАТА „СТРАВ И НАДЕЖ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот народен театар на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ. МНТ ќе гостува со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ-Ригонат, со која ќе започне шестдневната фестивалска програма посветена на актерската уметност и современите театарски остварувања.

Во претставата играат Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

Покрај Македонскиот народен театар, ќе учествуваат и Центарот за култура од Тиват, театарот Звездара и Народно позориште од Белград и Народно позориште на Република Српска од Бања Лука.