АВСТРИСКИОТ МЕТАЛ БЕНД „БЕЛФЕГОР“ ПРВПАТ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА ВО СЕПТЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Австриските ѕвезди на блек-дет металот „Белфегор“ (Belphegor) првпат доаѓаат во Македонија во септември во рамките на својата источноевропска турнеја. Концертот ќе се одржи на 15 септември во Младински културен центар во Скопје во организација на „Терорвоид“, а „Белфегор“ ќе го придружува уште три групи, вклучувајќи ги легендарните „Малеволент криејшн“ (Malevolent Creation).

Предводен од пејачот и гитарист Хелмут Ленер, „Белфегор“ е основан во 1992 и досега има објавено 12 студиски албуми.

Ова ќе биде втор настап во Скопје за „Малеволент криејшн“, еден од основоположниците на легендарната дет метал сцена од Флорида. Има снимено 13 албуми, најголем дел со сега покојниот пејач Брет Хофман.

Како предгрупи ќе свират „Монјументс оф мизантропи“ (Monuments of Misanthropy) од Австрија и иранско-норвешкиот бенд „Конфес“ (Confess).

Цената на билетите дополнително ќе биде објавена.

(Фото: Фејсбук)