ХОРСКИ И ИНСТРУМЕНТАЛЕН КОНЦЕРТ СО ДЕЛАТА НА ВИВАЛДИ ВЕЧЕРВА НА СКОПСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Вечерва (25 јуни) од 20:30 часот во Музејот на македонската борба, во рамките на јубилејното 45. издание на манифестацијата Скопско лето ќе се одржат концерт на женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ (фото) насловен „Глорија – концерт за душа“ и концертот „Вивалдијада 2024“ на Уметничкиот центар „Полифонија“.
На програмата се дела од неколку фази од опусот на славниот композитор Антонио Вивалди.
Концертот е соработка помеѓу хорот „Св. Злата Мегленска“, професори и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” и Уметничкиот центар „Полифонија“. Диригент е Летка Полизова.
Како солисти настапуваат сопранистките Надежда Рубен и Јасмина Димитровска, виолинистите Милица Андоновска, Божана Гошева, Илија Јовчев, Мила Наумовска и Јана Јовиќ и виолончелистите Александар Ицковски и Магдалена Дрмач.