СУДИЈКАТА ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ НА АЛЕК БОЛДВИН ДА ГО ОТФРЛИ ОБВИНЕНИЕТО ЗА НЕНАМЕРНО УБИСТВОТО НА ФИЛМСКИОТ СЕТ

САД, (Би-Би-Си)

Судијката го негираше последниот обид на актерот Алек Болдвин да го отфрли обвинението за ненамерно убиство против него поради фаталното пукање на Халина Хачинс (42) на сетот на неговиот филм „Рѓа“ (Rust).
Овој потег доаѓа две недели пред на актерот да му се суди во Ново Мексико за пукањето во 2021, кое го прекина снимањето на филмот.
Судијката на окружниот суд во Ново Мексико, Мери Марлоу Сомер, ја одби понудата на 66-годишниот Болдвин да го отфрли обвинението, велејќи дека тоа мора да се реши на судење.
Со пиштолот со кој пукаше на пробата на сетот во Бонанца Сити, Ново Мексико, на 21 октомври во 2021, Болдвин ја уби Хачинс и го повреди режисерот Џоел Соуза.
Одговорната за безбедност на снимањето на филмот, Хана Гутиерез-Рид, беше осудена на 18 месеци затвор во април, откако беше прогласена за виновна по истото обвинение за ненамерно убиство од небрежност со кое се соочи Болдвин.
Во наредбата од пет страници објавена во петокот, судијата напиша дека поротата третба да одлучи дали Болдвин е виновен. Во последните две и пол години, тој тврдеше дека не го повлекол чкрапалото и дека не знае како боевата муниција завршила во пиштолот на снимањето на филмот.
Адвокатите на Болдвин тврдеа дека бидејќи најкритичниот доказ во случајот – огненото оружје – бил уништен, актерот треба да биде ослободен од обвинението. Обвинителите рекоа дека тимот на Болдвин сè уште има многу докази за одбрана, бидејќи сите делови од пиштолот се сè уште достапни.