Во Велика Британија ќе се случи политичка промена по 14 години владеење на Конзервативците, но една работа ќе остане иста на улицата Даунинг 10. По петмина конзервативци, мачорот Лери ќе го пречека првиот премиер од редовите на Лабуристите – Кир Стармер.
Стармер неодамна кажа дека неговото семејство веќе има еден мачор, но нејасно е дали тој ќе се пресели во резиденцијата на британскиот премиер, бидејќи Лери сака да ја брани својата територија.
Лери првпат се појавил на улицата Даунинг 10 во јануари 2011, откако бил вдомен од тогашниот премиер Дејвид Камерон и со тек на време ја доби титулата главен фаќач на глувци (Chief Mouser). Заедно со премиерот Борис Џонсон ја надгледуваше сагата околу излегувањето на Велика Британија од Европска Унија, а меѓу бројните светски лидери со кои се запозна се и Барак Обама и Доналд Трамп.
Потоа дојдоа Лиз Трас и Риши Сунак, па Стармер ќе биде негов шести газда и прв од редовите на Лабуристичката партија.
(Фото: Икс)