ЌЕ СЕ СНИМА РИМЕЈК НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ВЕСТЕРН „ЗА ГРСТ ДОЛАРИ“

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Легендарниот вестерн на Серџо Леоне „За грст долари“ ќе добие римејк. Според сајтот „Дедлајн“, проектот е во рана фаза и зад него стои продукциската компанија „Џоли филм“, која работеше и на оригиналниот филм .

Не е познато кој ќе го пишува сценариото, ниту се објавени детали за актерската екипа и кога би излегол филмот.

„За грст долари“, кој излезе во 1964 година, се смета за еден од клучните филмови кои го лансираа жанрот шпагети вестерн. Серџо Леоне потоа ги сними и „За неколку долари повеќе“ и „Добриот, лошиот и градиот“ со Клинт Иствуд во главната улога, кои ја сочинуваат таканаречената „доларска трилогија“. Иствуд глумеше во „За грст долари“ само пет години по своето филмско деби.

(Фото: Шатерсток)