Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, која би можела да се врати во Белата куќа по ноемвриските претседателски избори, ќе објави мемоари оваа есен, што нејзиниот тим ги опишува како „моќна и инспиративна приказна за жена која сама го издлабила својот пат, ги надминала неволјите и ја дефинирала личната извонредност“.
Засега нема точен датум на излегувањето на книгата насловена „Меланија“ и не е познато дали таа ќе се најде во продажба пред изборите на 4 ноември. Меланија Трамп досега беше тема на неколку книги, но ова ќе бидат први мемоари.
„Поранешната прва дама ги поканува читателите во својот свет, нудејќи им интимен портрет на жена која живеела извонреден живот. ‘Меланија‘ вклучува лични приказни и семејни фотографии кои никогаш досега не ги споделила со јавноста“, стои во најавата на книгата.
По потекло од Словенија, Меланија Трамп е третата сопруга на Доналд Трамп, која се трудеше да ја зачува својата приватност и додека беше прва дама.
(Фото: АП)