СТОТИНА ШИШИЊА ШАМПАЊ ОД 19. ВЕК ПРОНАЈДЕНИ НА ДНОТО НА БАЛТИЧКОТО МОРЕ, БИЛЕ НАМЕНЕТИ ЗА РУСКИОТ ЦАР

Полска, (Ројтерс)

Полски нуркачи пронајдоа остатоци од брод покрај брегот на Шведска натоварен со над 100 шишиња шампањ и веруваат дека овој ексклузивен товар бил наменет за рускиот цар. Бродот од 19. век носел и порценал и шишиња минерална вода.

Остатоците се откриени 60-ина метри под површината на Балтичкото Море, но нуркачите велат дека ќе им треба дозвола од шведските власти за да го извадат товарот надвор.

„Речиси целиот брод е таму. Не е уништен многу. Во почетокот на обрнувавме внимание на товарот, само го заобиколивме. Потоа забележавме многу шишиња, меѓу кои и шампањ“, изјави Марек Цакај од нуркачката група „Балтиктек“.

Тој вели дека го идентификувале производителот на шампањот, опишувајќи го како многу ексклузивен.

„Товарот требало да оди за Русија и најверојатно бил наменет за царот, што дополнително ја зголемува неговата вредност“, кажа Цакај.

Ако добијат дозвола да земат неколку шишиња, Цакај вели дека ќе ги испратат кај производителот за да се процени нивната сегашна вредност и дали може да се пие.

„Не е само шампањот. Не треба да заборавиме дека и минералната вода вредела многу во тоа време“, додаде Цакај.

(Фото: Балтиктек)