Поп-пејачката Лара Иванова објави серијал од четири песни и четири видеоспота. Иванова, која студира балетска педагодија, е авторка на овој проект и дел од авторскиот тим на песните.
Песните кои се најдоа на првиот миниалбум на Иванова се „Само лага“, „Ризик“, „Токсин“ и „Таму горе“.
„Сите песни се поврзани со слична љубовна тематика, со силна емоција, но со различен ритам“, вели пејачката и додава дека ова е најголемиот предизвик кој досега го имала во музичката кариера.
Во тимот за видеопродукција работеа Били Д, Даниела Радевска, Милан Богдановски, Тоше Данев, Стефан Трпчевски, Филип Димитриевски и Дарко Ѓоргиев. Автори и продуценти на песните се Дарко Димитров, Роберт Билбилов, Лазар Цветковски, Панче Касапски и Робин Зимбаков.
ЛАРА ИВАНОВА ИЗДАДЕ МИНИАЛБУМ СО ЧЕТИРИ ПЕСНИ И ЧЕТИРИ СПОТА
Скопје, (СМАРТ СДК.МК)