НАЈГОЛЕМАТА ГРАДИНА ВО ДУБАИ СО 150 МИЛИОНИ ЦВЕТОВИ Е МЕЃУ ПЕТТЕ НАЈУБАВИ НА СВЕТОТ

САД, (Дејли паспорт)

Градовите во популарните туристички земји се попосетени ако понудат лесен пристап до природата, што објаснува зошто урбаните градини се толку популарни. Од италијанска градина од ерата на ренесансата до футуристичка градина во Сингапур, ова се петте најубави урбани градини според „Дејли паспорт“.

Најголемата природна цветна градина во светот се отвори во Дубаи на Денот на вљубените во 2013, со повеќе од 150 милиони цветови. Чудотворната градина во Дубаи (фото) постави повеќекратни Гинисови рекорди. Првиот беше за најголемата цветна инсталација во светот: ботаничка реплика во природна големина на џамбо-џет „ербас А380“ што дебитираше во 2016. Повеќе од 500.000 свежи цвеќиња и живи растенија создават двокатен авион, кој е еден од најпопуларните цртежи во градината.

Градината Боболи во Фиренца (Фото: Гети)

Скриена зад палатата Пити во Фиренца, градината Боболи е ренесансен објект кој стана мода на секој европски кралски двор од Луксембург до Версај. Спојувајќи ги геометриски наредените пејзажни елементи со архитектонски инсталации, градината Боболи од 111 хектари стана музеј на отворено, со повеќевековно проширување. Иако работата на теренот започнала во 1400-тите години, градината започнала сериозно да работи од 1549, кога Елеонор од Толедо, сопруга на големиот војвода од Тоскана Козимо I де Медичи  го купила имотот.

Во чест на еден од најпознатите жители на градот Сиетл и веројатно најпознатиот уметник на стакло во светот е направена градината од стакло Чихули. Внатре има изложба која вклучува осум галерии, градина за скулптури и огромен атриум. Галериите истражуваат некои од влијанијата на Дејл Чихули во кариерата, додека градината е полна со живописни цвеќиња, некои живи, некои од стакло.

Градината Чихули во Сиетл (Фото: Гети)
Градината на брегот во Сингапур (Фото: Гети)

Посветеноста на Сингапур и на футуристичката технологија и на одржливоста е целосно прикажана во нејзиниот прекрасен природен парк изграден на 250 хектари обновено земјиште, Градината на брегот. Во градината е изградена шума од 18 високи челични конструкции познати како супердрва. Секое од нив е високо од импресивни 24 до 48 метри, со стебло што формира вертикална градина покриена со повеќе од 158.000 растенија.
Приморскиот парк Хитачи во Хитачинака, Јапонија се протега на 865 хектари два часа североисточно од Токио. Паркот е покриен со бескрајни полиња со цвеќиња. Најпознатото е немофилата или „бебешки сини очи“ која секоја пролет го обвива ридот Михараши во толку жива нијанса на сина боја, личи како да излегла од сликовница. Во текот на целата година, во паркот цвета сè, од нарциси до сончогледи и лалиња.

Приморскиот парк Хитачи во Јапонија (Фото: Гети)