Најголем предизвик во оскаровската ноќ е брзата промена на стајлинзите од свеченоста во „Долби“ театарот до пост-оскаровските забави.
Гал Гадот, Тифани Хадиш, Алисон Џени, Марго Роби и многу други ѕвезди синоќа се соочија со тој предизвик, нудејќи не еден, туку два спектакуларни модни моменти.
Ова се неколку од најдобрите сценски трансформации меѓу Оскарите и забавата на магазинот „Венити фер“.