ЗЛАТЕН ‘РТ ВО ХРВАТСКА Е ДЕЛ ОД 50-ТЕ НАЈУБАВИ ПЛАЖИ ВО СВЕТОТ

Лондон, (Телеграф)

Кортагена во Шпанија, Гемалас во Коста Рика, Старфиш во Панама, Алгарве во Португалија, Секнд бич во Вашингтон и Златен ‘рт на хрватскиот островот Брач се меѓу 50-те најубави плажи во светот, според британскиот портал „Телеграф“.

На златниот ‘рт може да се најде ароматична борова сенка и студено Јадранско Море. Како најдобар дел се издвојува бистрата вода која е најдобар избор за семејства со деца. Како предност се нагласува „пливањето на цело семејство во плитко“.

Изборот на најдобрите плажи е секогаш субјективен бидејќи не сите имаат исти карактеристики. Некои луѓе сакаат затскриени плажи за да се релаксираат, некои сакаат плажи на кои има различни активности, забава и атракции, додека семејствата бираат плажи кои се претежно погодни за деца.

„Ги избравме нашите 50 омилени плажи во светот. На списокот се вклучени некои плажи во Австралија, Бразил и на Карибите, но има и такви во Исланд, Јужна Кореја и во Хрватска. За да го пронајдеме идеалното крајбрежје за секој патник, земавме во предвид убави погледи, барови на плажа, луксузни хотели, тивки катчиња, места погодни за семејството и многу повеќе“, објаснуваат експерти за „Телеграф“.

 

Фото: Пиксел