Со далматински песни и богата културно-уметничка програма, во Офицерскиот дом во Битола се прослави Денот на државноста на Хрватска, во организација на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ од Битола. Посебна атмосфера на настанот направи клапата „Цетињани“, која го донесе препознатливиот далматински мелос, а како гости настапија учениците од Државното музичко училиште од Битола, Климент Ристески, Јан Неќак и Теона Ванеска.
На присутните им се обрати претседателот на ХКЦ „Марко Марулиќ“, Бранко Маретиќ, кој потсети на значењето на Денот на државноста на Хрватска и на улогата на здружението во зачувувањето на културниот идентитет и во развивањето на хрватско-македонските врски.
Меѓу присутните беа претставници на Амбасадата на Хрватска, конзули и претставници на културни институции од Битола и од регионот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА
Фото: А. Василевски