Скопскиот бенд „Занаду“ ја објави новата песна „Разгледница“ за хрватската независна издавачка куќа „Интерстелар“, со која годинава го потпиша својот прв дискографски договор. Бендот зад себе има два студиски албума, а на хрватската публика ѝ е познат по настапите во Загреб и Риека во изминатите две лета.
„Разгледница“ е песна со која музичарите сакаат да потсетат на важноста од преземањето одговорност.
„Песната треба да нè потсети да не бидеме неми набљудувачи на животот, туку да преземеме одговорност за работите околу нас, дури и кога се далеку надвор од нашата зона на комфор. Да нема пропуштени возови, потрошена младост и премолчени грубости“, вели авторот на текстот Карло Јованоски.
Песната е инспирирана од секојдневието, а музички се надоврзува на претходниот сингл „Ураган“. Видеоспотот е инспириран од естетиката на новиот бран од 1980-тите, особено од групата „Идоли“. Монтажата е на Марија Грчева, а камерата, корекцијата на боите и постпродукцијата се на Димитар Атанасоски.
Новата песна „Разгледница“ е достапна на сите музички платформи.
СКОПСКИОТ БЕНД „ЗАНАДУ“ ЈА ОБЈАВИ НОВАТА ПЕСНА „РАЗГЛЕДНИЦА“ ЗА ХРВАТСКА ИЗДАВАЧКА КУЌА
Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)