ЛУКА МОДРИЌ СТАНА НАЈТРОФЕЈНИОТ ИГРАЧ ВО ИСТОРИЈАТА НА РЕАЛ МАДРИД СО 27 ТИТУЛИ

Мадрид, (Би-Би-Си)

Лука Модриќ и официјално стана најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид. Ова доаѓа откако Реал синоќа ја совлада Аталанта со 2:0 во Европскиот Суперкуп, што е 27. трофеј за Модриќ во дресот на „кралскиот клуб“. До вчера, тој го делеше рекордот со Начо Фернандес, кој го напушти клубот летово по цели 23 години верност.

Модриќ, кој во септември ќе наполни 39 години, пристигна во Реал од Тотенхем во 2012 и на овој трансфер во почетокот се гледаше со голема скепса. Тој не само што ги демантираше критичарите, туку стана еден од најзначајните играчи во поновата историја на клубот.

Во Ла Лига досега одигра 359 натпревари и постигна 28 голови и четирипати го предводеше Реал до шампионската титула. Има и две титули во Кралскиот куп, пет во шпанскиот Суперкуп, шест во Лигата на шампионите, пет во Европскиот Суперкуп и пет од Светското клупско првенство. Тој летово го продолжи договорот за уште една сезона.

(Фото: АП)