„ПИРЕЛИ“ ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ ПАУЗА ЈА ВРАЌА ГОЛОТИЈАТА ВО СВОЈОТ КАЛЕНДАР

Њујорк, (Гардијан)

Фотографот кој го снимаше новиот календар на „Пирели“ вети дека повторно ќе го направи секси откако #MeToo движењето ги принуди сите да земат пауза и компанијата се откажа од голотијата.

Британскиот актер Џон Бојега е меѓу познатите личности кои позираа разголени за новото, 51. издание на календарот, чие мото е „Освежено и откриено“. Меѓу моделите се и индиско-американската авторка и активистка Падма Лакшми и американската уметница Мартине Гутиерес (фото).

Актерот Џон Бојега (Фото: Пирели)

Дојде времето славните личности повторно да се соблечат и да покажат малку кожа и да истражат како #MeToo и социјалните мрежи ја редефинираа сексапилноста. Мислам дека #MeToo ги принуди сите да земат малку пауза, што е навистина добро. Сега секси е она што го гледаме на социјалните мрежи, најчесто преку селфи фотографии. Луѓето имаат целосна контрола врз она што го објавуваат и колку кожа ќе покажат“, вели фотографот Итан Џејмс Грин.

Актерката Хантер Шафер (Фото: Пирели)

Враќањето на голотијата е нов пресврт за италијанската компанија за гуми, откако во последниве години главно се определи за облечени модели. Ова е одраз на промените во светот на модата и популарната култура, при што модните писти и познатите личности сѐ повеќе се залагаат за разоткриено тело.