СЕЛИН ДИОН ДОБИ СВОЈА БАРБИ КУКЛА

Лос Анџелес, (ДПА)

Канадската музичка ѕвезда Селин Дион доби Барби кукла со нејзиниот лик.

Изгледот на куклата претставува омаж на темносиниот фустан со долги ракави што Дион го носеше кога ја изведе насловната песна од филмот „Титаник“, „My Heart Will Go On“, на доделувањето на Оскарите во 1998.

Синиот ѓердан што го носи куклата е инспириран од ѓерданот познат како „Срцето на океанот“, кој има важна улога во блокбастерот од 1997.

„За мене е вистинска чест да станам дел од наследството на Барби преку кукла инспирирана од еден од најзначајните моменти во мојата кариера. Се надевам дека оваа кукла ќе ги инспирира сите да се изразуваат со самодоверба, да ги следат своите соништа и да веруваат во моќта на сопствениот глас“, изјави Дион.