Во паркот Каршијака на 21 август, се одржа традиционалната годишина Велешка поетска вечер. Учествуваа автори од Велес, од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, гости поети, автори, од други градови.
„Среќни сме што и покрај лошите временски услови, горештините дојдоа бројни гости од други градови, автори, поети. Гостите од Скопје и ние домаќините читавме поезија пред споменикот на Рацин, во дворот на Гимназијата и положивме цвеќе, а тука во овој парк тоа го чинат другите автори, наши гости. Се додели признанието за најплоден автор, од осамостојувањето на Македонија до денес, на Вера Благојевиќ Самаријанин, која досега изададе 121 наслов и уживавме во музиката на Драган Мијалковски“ , кажа Лила Арсова, претседателка на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.
Традиционалната годишина Велешка поетска вечер се одржа по 15 пат. Таа е дел од содржините на манифестацијата „Велешко културно лето“, кое го организира Општина Велес.
П. ПЕЧКОВ