ХЕЈЛИ И ЏАСТИН БИБЕР ГО ДОБИЈА СИНОТ ЏЕК

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Поп-пејачот Џастин Бибер и сопругата Хејли го добија првото дете, синот Џек Блуз Бибер, објави пејачот на Инстаграм. Тој објави фотографија со порака: „Добредојде дома Џек Блуз Бибер“.

Триесетгодишниот пејач од Канада и познатата американска манекенка (27) се венчаа на тајна церемонија во Њујорк во 2018.

Хејли е ќерка на актерот Стивен Болдвин, манекенка и основачка на козметичка линија за нега на лицето.

Фото: Гети