„Домаќинство за почетници” на Горан Столевски ја освои наградата Златна мимоза за најдобра режија на Филмскиот фестивал во Херцег Нови. Тој беше дел од натпреварувачката програма за долгометражни играни филмови, а за наградата одлучуваше жирито во состав Лордан Зафрановиќ, Пјер Жалица и Павле Симоновиќ.
Златна мимоза е 14. награда за „Домаќинство за почетници“, кој досега е прикажан на повеќе од 70 фестивали и е дистрибуиран во кината во Америка, Австралија, Холандија, Хрватска, Полска, Македонија.
Светската премиера ја имаше во 2023 во Венеција, а македонската премиера беше на минатогодишното отварање на „Браќа Манаки“ во Битола.