НЕМАШЕ НИКАКВА ХЕМИЈА ПОМЕЃУ МЕНЕ И ЏУЛИЈА РОБЕРТС ВО „УБАВА ЖЕНА“, РЕЧЕ РИЧАРД ГИР ВО ВЕНЕЦИЈА

САД, (Си-Ен-Ен)

Ричард Гир се појави на мастерклас за време на 81. Филмски фестивал во Венеција и се потсети на хит-филмот од 1990, „Убава жена“. Гир се пошегува дека тој и Џулија Робертс „немале хемија“ во сцената во која неговиот лик, богатиот бизнисмен Едвард, ја соблекува Вивијан.

„Овој актер и оваа актерка очигледно немаа никаква хемија помеѓу нив. Не сум го гледал филмот одамна. Тоа е секси сцена“, кажа Гир.
Тој смета дека неговата улога во оваа романтична комедија е „криминално лошо напишана“.

„Во основа, тоа беа костум и добра фризура. Не знаев дека филмот ќе стане толку успешен“, кажа Гир за еден од најуспешните филмови на киноблагајните на своето време.

Гир исто така откри дека секси сцената со пијано била импровизирана.