На 4 октомври во „Станица 26“ во Скопје од 20:30 часот концерт ќе одржи тапанарот Михаил Парушев со неговиот бенд наречен „За арно за убаво”.
Парушев ќе свири заедно со Зоран Костадиновски на гитара, Јован Цветковиќ на пијано, Иван Бејков на бас, Трајче Велков на труба, Петар Колевски на саксофон и Петар Христов на сопран саксофон. Драган Трајковски е вокал, а Елена Васова е вокал и перкусии.
„На концертот ќе има уште неколку гости кои ќе бидат изненадување за публиката“, вели Парушев, кој е член и на „Леб и сол“.