Ненад Тодоровски е музички продуцент и диџеј кој работи под псевдонимот Хејз (Haze). Зад себе има повеќе проекти преку кои има издадено повеќе од 20 синглови и ремикси.
Има соработувано со Бобан Апостолов, „Брас брадрс“, „Сирилик“, Галоски, Ивајо, Викторија Лоба и многу други.
Синглот „Ода на радоста“ беше промовиран преку македонската издавачка куќа „Кафе де Анатолиа“ која во моментов важи за една од најдобрите издавачки куќи позната по комбинацијата на модерна електронска музика со традиционална музика од Балканот и Блискиот Исток.
Основана е во 2017 од Зоран Илиев (познат како Били Естебан), неговата ќерка Моника Илиева и синот Никола Илиев). „Кафе де Анатолиа“ има добиено 31 награда на видео платформата Јутјуб, 03 златни плакети за над милион претплатници и 28 сребрени плакети за над 100.000 претпланици.