СКОПЈЕ ТАТУ ФЕСТ НА 12 И 13 ОКТОМВРИ СО ТЕТОВИРАЊЕ ВО ЖИВО, РАБОТИЛНИЦИ И МУЗИЧКИ НАСТАПИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 12 и 13 октомври во „Скопје ивент центар“ ќе се одржи Скопје тату шоу.

„Од традиционалните тетоважи до авангардните и модерните стилови, овој настан ќе понуди по нешто за сите љубители на визуелната уметност. Настанот ќе ги обедини некои од најдобрите тату артисти од регионот и пошироко, претворајќи го градот во вистинска уметничка галерија“; велат организаторите.

На фестивалот ќе има и тетовирање во живо, а програмата ќе понуди и работилници, семинари, панел дискусии и демонстрации во живо, кои ќе овозможат интеракција помеѓу публиката и уметниците. Ќе има и музички настапи.

Настанот е од натпреварувачки карактер. Двата дена ќе бидат преполни со натпревари и ќе се доделат награди за најдобрите тетоважи во повеќе категории.