УМЕТНИЦИ НАСЛИКАА МУРАЛ НА ЅИД КРАЈ ПЕНА ИНСПИРИРАНИ ОД ЦРТЕЖИ ОД УЧЕНИЦИ ОД ТЕТОВСКО

Тетово, (СМАРТ СДК.МК)

Уметници насликаа мурал на потпорниот ѕид долг 120 метри изграден за спречување на лизгање на земјиштето во близина на ХЕЦ „Пена“. Ѕидот се наоѓа крај реката Пена, на патот кон рекреативното место Бањиче. Муралот е изработен како дел од активностите на УНДП за одбележување на Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, 13 октомври.

Инспирација за приказната претставена на муралот уметниците најдоа во цртежите кои ги изработија 20-ина ученици од повеќе основни училишта во Тетовско на работилниците организирани од УНДП.

Ѕидот кој послужи како платно за уличните уметници е изграден во рамките на проектот „Подобрување на отпорноста кон поплавите во Полошкиот Регион“, финансиран од Швајцарија.