ЛЕТАЛОТО „ЕВРОПА КЛИПЕР“ ТРГНУВА ВО ПОТРАГА ПО ВОНЗЕМСКИ ЖИВОТ НА ДАЛЕЧНА МЕСЕЧИНА НА ЈУПИТЕР

Флорида, (Би-Би-Си)

Вселенско летало кое ќе биде во потрага по знаци на вонземски живот денеска ќе биде лансирано од Флорида. Неговата дестинација е Европа, мистериозна месечина која кружи околу Јупитер. Се верува дека под неговата замрзната површина има огромен океан, со двојно поголемо количество вода отколку на Земјата.

Леталото „Европа Клипер“ ќе тргне по друга европска мисија лансирана минатата година, но ќе ја претрка и ќе стигне пред неа. Тоа нема да се случи пред 2030 година, но она што ќе го пронајде би можело да го промени она што го знаеме за животот во нашиот Сончев систем.

Ако пронајдеме живот толку далеку од Сонцето, тоа би значело посебно потекло на животот од оној на Земјата. Ова е од огромно значење, зашто ако се случило двапати во нашиот Сончев систем, тоа би значело дека животот е доста вообичаен“, изјави планетарниот микробиолог Марк Фокс-Пауел.

Оддалечена 628 милиони километри од Земјата, Европа е нешто поголема од нашата Месечина, но тука завршуваат сличностите. Доколку беше на нашето небо, ќе светеше петпати посилно зашто мразот одбива многу повеќе сончева светлина. Нејзината ледена кора е дебела 25 километри и под неа би можело да има огромен океан со солена вода, а во неа и хемикалии кои се состојки на едноставна форма на живот.

Научниците првпат сфатија дека на Европа би можело да има услови за живот во 1970-тите, но ниедна досегашна мисија не ѝ се доближи доволно блиску за да ја разбере неговата површина. Сега постои надеж дека инструментите на „Европа Клипер“ ќе ја мапираат речиси целата месечина и ќе соберат честички од прашина.

(Фото: Гети)