ТРИБЈУТ БЕНДОТ „ГОЛДЕН ТИНА“ ЌЕ СВИРИ ХИТОВИ НА ТИНА ТАРНЕР ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 22 ноември во Филхармонијата ќе настапи српскиот бенд „Голден Тина“, кој е популарен во регионот по преработките на хитовите на Тина Тарнер.
Организаторот, „МГ мјузик продукција“ вели дека ќе се свират најголемите хитови на легендарната американска пејачка, балади и дуети кои ја обележаа нејзината музичка кариера. Билетите се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.