Култниот гевгелиски рок бенд „Зијан” ќе одржи концерт на 7 ноември во Младински културен центар (МКЦ), прв во Скопје по 30 години пауза. „Зијан“ последен пат настапил во МКЦ во раните 1990-ти.
Со концертот, бендот ќе прослави 42 години постоење и ќе свири во оригиналниот состав.
Од победата на Гитаријадата во Зајечар до настапите со бендови како „ЕКВ“, „Партибрејкерс“ и „Електрични оргазам“, „Зијан“ останува важен дел од музичката историја на Македонија и регионот.
(Фото: Фејсбук)