Поп-пејачката Теа Трајковска и раперот Таско снимија спот за песната „Сатурн“, што ја испеаја на фестивалот Макфест.
„Сцените во спотот се како од акционен филм во кој Теа и Таско се главните улоги“, велат од тимот на пејачите.
„Со Таско нѐ спои ‘Сатурн’, а идејата и одлуката да учествуваме на Макфест беше многу случајна и спонтана бидејќи многу ни се допаѓаше песната“, рече Трајковска.
Песната се снимаше во студиото на Лазар Цветкоски, кој е автор на музиката и аранжманот, а текстот е заеднички на Теа и Таско.