Младата поп-пејачка Марија Спасовска ја објави новата песна „100 промили“, за која е снимен и спот. Песната ќе се најде на нејзиниот дебитантски албум „Седатив“, кој беше најавен пред почетокот на летото.
Музиката и текстот се на Спасовска, а аранжманот, миксот и продукцијата се на Дарко Димитров, нејзин долгогодишен соработник.
„Ова е модерна аренби и поп-песна со побавен танцов ритам, која зборува за љубовта на прв поглед“, вели пејачката.
Видеоспотот е во продукција на „Артистик филм“, а во него Спасовска настапува со танчарки од студиото „Ит д бит денс“.
(Фото: С. Јакимовски)