Пејачката Софија Манева се враќа на музичката сцена со нова верзија на својата постара песна „Љубов или нешто друго“, која доби современ аранжман и нов спот.
Спотот го режираше Даниел Јовески, а пејачката вели дека сакала на песната да ѝ даде нов звук.
„Многу сум задоволна од тоа како изгледа целиот проект. Сакав ‘Љубов или нешто друго’ да добие нов звук, но и видео-приказна во која ќе се чувствувам самоуверено, женствено и секси. Мислам дека успеавме да направиме интересна комбинација и навистина се надевам дека на публиката ќе ѝ се допаднат и песната и спотот. Едвај чекам да ги слушнам нивните реакции“, вели Манева.
Пејачката најавува дека веќе работи на нов музички проект, кој наскоро треба да ѝ го претстави на публиката.