КОСТИМОТ НА ХАЈДИ КЛУМ КАКО Е. Т. СЕ ПРАВЕЛ ЦЕЛА ГОДИНА ЗА НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ

Лос Анџелес, (АП/Би-Би-Си)

Хајди Клум, позната по нејзините драстични трансформации за Ноќта на вештерките, се маскираше како вонземјанинот Е. Т. за годинашната традиционална забава.

Германскиот супермодел и водителка и нејзиниот сопруг, германскиот гитарист Том Колиц се маскираа како вонземјанинот од филмот на Стивен Спилберг од 1982.

Клум како Е. Т. (Фото: АП)

Покрај Клум, вонземјанинот Е. Т. беше инспирација и за пејачката Џанел Моне, која во таков костум се појави во емисија кај Џенифер Хадсон.

Клум за Асошиејтед прес изјави дека дека нејзиниот костим се подготвувал една година.
„Јас сум обожавателка на Е.Т. од 9 години. Едноставно сакав да станам ова суштество. Е.Т. е многу мал и затоа мислев дека би било забавно да си поиграм со пропорциите“, рече Клум.

Џанел Моне и Џенифер Хадсон. (Фото: Гети)