Италијанската компанија за комуникации „ИталиКомуника“ почна да продава конзерви со свеж воздух од областа на езерото Комо во Италија. Една конзерва чини 9,90 евра.
Според компанијата, секое пакување содржи 400 милилитри од „100 проценти автентичен воздух“ собран од езерото Комо, кое стана особено популарно изминативе години благодарение на живописната природа и ѕвездите кои имаат таму имот, како Џорџ и Амал Клуни. На таа локација се снимаа и филмови како „Казино ројал“ и „Куќата Гучи“.
Според Бирото за туризам на Ломбардија, повеќе од 5,6 милиони луѓе го посетиле езерото Комо во 2023, а бројките постојано растат.
„Со продажбата на конзервиран воздух создадеме сувенир што може лесно да се транспортира во куфер. Да биде нешто оригинално, забавно, па дури и провокативно. Тоа не е производ, тоа е опиплив спомен што го носите во вашето срце“, изјави портпаролот на „ИталиКомуника“.