ГРЦИЈА Е ЗЕМЈА СО НАЈЛОШИ ВОЗАЧИ, А ЈАПОНИЈА И СИНГАПУР СО НАЈДОБРИ

Атина, (Дејли паспорт)

Грција е земја со најлоши возачи на светот, а Јапонија и Сингапур го делат првото место помеѓу земјите со најдобри возачи.

Според „Дејли паспорт“, Грција е на првото место поради големиот број смртни случаи на патиштата, како и поради скапиот бензин и големиот метеж во главниот град Атина.

На второто место е Италија поради високите цени на горивата и лошиот квалитет на патишата, а на третото место е Романија поради големите гужви во главниот град Букурешт и опасните патишта.

Двете азиски земји Јапонија и Сингапур го делат првото место со иста оценка 7.10 од можни 10. Јапонија е позната по производството на некои од најсигурните автомобили во светот и исто така има одлична патна инфраструктура и ниски цени на горивата, особено за дизелот.

Сингапур, пак, може да се пофали со најдобрата севкупна патна инфраструктура од кое било место на листата. Возачите во Сингапур имаат корист и од тоа што возат по некои од најбезбедните патишта во светот и од пристапот до релативно прифатлив паркинг.

(Фото: Гети)