Кантавторот Матео Бочели, синот на легендарниот италијански тенор Андреа Бочели, ќе одржи концерт во Скопје на 15 јуни во Филхармонијата, објави „Пасворд продукција“.
Матео Бочели (27) е ѕвезда во подем во популарната музика, кој со татко му ја сними песната „Fall On Me“. Во 2022 објави божиќен албум со неговиот татко и со помладата сестра Вирџинија. На 22 ноември ќе излезе неговиот прв самостоен албум „Матео“.
Билетите се продаваат во мрежата на Мк тикетс.
(Фото: Фејсбук)