ПОВЕРОЈАТНО Е ДЕКА ЌЕ СИ ОДАМ, ВЕЛИ САЛАХ РАЗОЧАРАН ШТО ЛИВЕРПУЛ НЕ МУ НУДИ НОВ ДОГОВОР

Ливерпул, (Би-Би-Си)

Мохамед Салах изјави дека е разочаран што нема никакви понуди за нов договор од Ливерпул и поверојатно е дека ќе си замине одошто ќе остане. Триесет и двегодишниот Египќанец, кој и оваа сезона е најдобриот стрелец на клубот со 12 голови, ќе стане слободен играч налето.

Речиси сме декември, а досега не сум примил ниедна понуда за останување во клубот. Веројатно сум повеќе надвор отколку внатре. Се разбира дека сум разочаран поради тоа. Не планирам наскоро да се пензионирам, па затоа играм, се фокусирам на тековната сезона и ќе се обидам да ги освојам Премиерлигата и Лигата на шампионите, па ќе видиме“, кажа Салах.

Ливерпул не ги коментираше овие негови изјави. Сепак, извор од клубот изјави дека контактираат со менаџерот на Салах и тоа оди во позитивна насока.

Салах последен пат го продолжи договорот во 2022.

Тука сум долги години, нема клуб како Ливерпул. Ги сакам навивачите, тие ме сакаат мене. Но, на крајот, не решаваме јас и тие“, кажа Салах.

Покрај него, договорите им истекуваат и на Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд, кој навести дека би можел да си замине.

(Фото: АП)