„САМА“ Е НОВАТА ПЕСНА НА ПОП-ПЕЈАЧКАТА БЕТИ ЛИН, УЧЕСНИЧКА НА „МАКЕДОНСКИ ИДОЛ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачката Елизабета Јовановска, со уметничко име Бети Лин, ја промовираше новата песна „Сама“. Автор на текстот и музиката, како и сценарист на спотот е пејачот Виктор Апостоловски, долгогодишен пријател и колега на Бети Лин.

„Инспирација да ја снимам песната ми беше моменталната состојба во која што се наоѓав тој период. Бев заглавена во еден токсичен круг, во кој немаше промени. Песната е, всушност, едно ослободување за мене, а верувам и за сите оние кои одлучиле да продолжат сами, не затоа што не можеле да бидат со некого, туку зашто го одбрале сопствениот мир“, вели пејачката, која спотот го сними во Маврово.

„Сама“ е четвртата песна на Јовановска, која беше учесничка на музичкиот натпревар „Македонски идол“.