ДРЖАВНАТА ОПЕРА ОД ВАРНА ГОСТУВА ВО СКОПЈЕ СО „ПИКОВА ДАМА“ ОД ЧАЈКОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 14 декември од 20 часот во Националната опера и балет, ќе се изведе операта „Пикова дама“ од Петар Илич Чајковски, во изведба на солистите, хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна, Бугарија.
Диригент е Григор Паликаров, режисер Вера Немирова, а диригент на хорот Теодора Георгиева. Настапуваат: Валериј Георгиев, Ирина Жекова, Бојка Василева, Пламен Димитров, Иво Јорданов, Пламен Рајков, Евгениј Станимиров, Велин Михајлов, Петар Петров, Владислав Владимиров, Михаела Берова, Вјара Железова, Галина Великова и Лилија Илиева во придружба на хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна.
„Пикова дама“ е опера во три чина од рускиот композитор Чајковски. Либретото се базира на истоимената новела од Александар Пушкин од 1834 година, но со драматично изменет заплет. Операта е позната по својата драматична содржина, музика полна со емоции и длабока психолошка комплексност на ликовите.

 

Фото: Државна опера, Варна