Вечерва (10 декември) од 19 часот, во Европската куќа во Велес ќе се прикажат филмови од Фестивалот на планински филм „Ехо“, со програма од последното 15. издание, кое претходно се одржа во Скопје (фото).
На програмата се документарни филмови од Македонија, Франција, Полска, Италија и Унгарија и ќе бидат презентирани активностите на граѓанските здруженија „АК Велесин“ и „Велес бајкинг“. Ќе можат да се гледаат документарците „Тивок сведок“ на Димитар Тодоровски (Македонија), „Патување на животот“ (Франција), „Тивкото бегство“ (Полска), „Горе на врвот“ (Италија) и „Експедицијата на Етвеш“ (Унгарија), сите од оваа година.
П. ПЕЧКОВ