ЗАГЛАВЕНА ВЕРВЕРИЦА Е НАЈСМЕШНАТА ФОТОГРАФИЈА НА ЖИВОТНИ ЗА 2024

Лондон, (Си-Ен-Ен)

Фотографија на верверица заглавена во дрво е прогласена за најдобра на годинашниот избор на најсмешна фотографија на животни (Comedy Wildlife Photography Awards). „Заглавена верверица“ на Милко Маркети беше избрана за победник меѓу повеќе од 9.000 пријавени фотографии, најмногу во десетгодишната историја на конкурсот. Снимена е во 2022 во природен резерват во Бањакавало во Италија.

„Низ годините сум направил многу, многу фотографии од верверички во Италија, но оваа ми се виде како навистина смешна и толку чудна позиција, бидејќи го фатив моментот кога верверицата ги одвојува задните нозе од стеблото за да влезе во своето скривалиште“, рече Маркети.

Овие награди беа востановени во 2015 од британските фотографи Пол Џојнсон-Хикс и Том Сулам, со цел да промовираат заштита на дивиот свет.

Ова се некои од 45-те финалисти на годинашниот избор: