БИОГРАФСКИОТ ФИЛМ ЗА ДРАЖЕН ПЕТРОВИЌ ИГРА ВО СКОПСКИТЕ КИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватскиот биографски филм за кошаркарската легенда Дражен Петровиќ насловен „Дражен“, во режија на Данило Шербеџија, почна да игра во скопските кина Синеплекс и Милениум. Филмот го следи животот на кошаркарскиот гениј кој израснал во Шибеник, а потоа ги освоил Европа и САД.

„Низ призмата на неговите најважни животни моменти, филмот ги истражува непопустливата одлучност на Дражен, длабоката поврзаност со неговото семејство и огромната страст за кошарката, спортот што го доведе до бесмртност“, најавуваат дистрибутерите.

Во главната улога е Домагој Нижиќ, а играат и Драган Миќановиќ, Зринка Цвишетиќ, Ромина Тонковиќ и Валентин Перковиќ.