СЕРИЈАТА „МАЛКОЛМ ВО СРЕДИНА“ СЕ ВРАЌА СО НОВИ ЕПИЗОДИ ПО 19 ГОДИНИ

Њујорк, (Гардијан)

Брајан Кренстон и Џејн Качмарек потврдија дека хумористичната серија „Малколм во средина“ (Malcolm in the Middle) ќе се врати со дел од оригиналната постава по цели 19 години. Покрај нив, својата улога ќе ја репризира и насловниот лик Френки Муниз, кој сега има 39 години.

Го чекав овој момент 18 години. Ајде да видиме каде се Малколм и неговото семејство сега“, изјави Муниз.

Стримиг платформата „Дизни+“ нарача четири нови епизоди и навести што ќе се случува.

Малколм и неговата ќерка се вовлечени во семејниот хаос кога Хал (Кренстон) и Лоис (Качмарек) бараат тие да присуствуваат на прославата на нивната 40-годишнина“, објави „Дизни+“.

Засега не е познато кога ќе излезат новите епизоди. Оригиналната серија се емитуваше од 2000 до 2006, имаше 151 епизода и освои седум награди Еми.