МИЛА ДОБРЕВСКА ЈА ОТВОРА ИЗЛОЖБАТА „ЕСКАПИЗАМ: МЕМОРИЈАТА И ИДЕНТИТЕТОТ“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (16 декември) во 20 часот, во Националната галерија објект Мала станица во Скопје ќе се отвори самостојната изложба на мултидисциплинарната уметница Мила Добревска, насловена „Ескапизам: Меморијата и идентитетот”.

Мила Добревска (1999) неодамна магистрираше на Академијата за ликовни уметности во Равена, Италија со специјализација во современ мозаик. Досега учествувала на бројни групни изложби и натпревари на интернационално ниво и има реализирано три самостојни изложби.

Обредите, традициите и начинот на славење отсекогаш биле дел од нашата културна и лична приказна. Тие не само што ги поврзуваат генерациите, туку се и форма на ескапизам. Ескапизмот е универзална човечка желба да се оддалечи од барањата на реалноста и да најде прибежиште во имагинацијата, соништата и моментите на блаженство. Ескапизмот ни овозможува моментално да го надминеме обичното и да се поврземе со нешто поголемо – нашето внатрешно јас, културните корени или со нашите најголеми фантазии“, вели кураторот Стефан Александар Јовановски.