ТРЕТАТА СЕЗОНА НА „БЕЛИОТ ЛОТУС“ ДОАЃА НА 16 ФЕВРУАРИ

Њујорк, (Гардијан)

Третата сезона на популарната серија на „Ејч-Би-О“, „Белиот лотус“, премиерно ќе почне да се прикажува од 16 февруари. Според првиот трејлер од 90 секунди, ќе има исто толку интриги, тајни и критики на општеството како во првите две сезони, овојпат на плажите во Тајланд.

Марк Вајт, креаторот на серијата која доби 15 награди Еми, овојпат ги носи жителите на западот да се запознаат со духовноста на истокот. Во третата сезона играат Џејсон Ајзакс, Волтон Гогинс, Кери Кун, Лесли Биб, Мишел Монахан и Патрик Шварценегер.

„Сите бегаат од болка кон задоволство. Но, тие стигнуваат таму само за да најдат повеќе болка“, вели будистички монах во трејлерот.

Наташа Ротвел, која глумеше во првата сезона, се враќа како масерката Белинда во Тајланд во програма за размена.

„Првата сезона на некој начин стави акцент на парите, а втората сезона на сексот. Третата сезона ќе биде можеби сатиричен и смешен поглед на смртта и источните религија и духовност“, кажа Вајт

Tретата сезона се снимаше изминатава пролет во хотелот „Фор сизнс“ во Кох Самуи, како и на локации во Пукет и Бангкок.

(Фото: Ејч-Би-О)