РИМСКИТЕ ВЛАСТИ ВОВЕДОА НОВ СИСТЕМ ЗА ПРИСТАП ДО ФОНТАНАТА ТРЕВИ ПО НЕЈЗИНОТО РЕНОВИРАЊЕ

Рим, (Би-Би-Си)

Светски познатата фонтана Треви во Рим се отвори по три месеци реновирање.

Меѓу 10.000 и 12.000 туристи ја посетуваа фонтаната секој ден, но сега е воведен нов систем на чекање за да се избегнат преголеми гужви кај едно од најпознатите обележја на градот. Фонтаната била нарачана од папата Клемент Дванаесетти во 1730 година.

„Воведувањето на ограничувањето ќе им овозможи на сите подобро да уживаат во фонтаната, без гужви и конфузија“, изјави градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери.

Тој додаде дека властите размислуваат да воведат и наплата на симболична влезница, од што би се финансирало одржувањето на фонтаната.

Тримесечниот проект за чистење вклучи отстранување на наслаги иа мувла и калциум.

(Фото: Гети)