СЛЕДНИОТ ФИЛМ НА НОЛАН Е АДАПТАЦИЈА НА „ОДИСЕЈА“ ОД ХОМЕР

Лос Анџелес, (Вараети)

Следниот филм на Кристофер Нолан ќе биде адаптација на старогрчката епска поема на Хомер, „Одисеја“, објави филмското студио „Јуниверзал“. Тој ќе има премиера во кината на 17 јули 2026.

Новиот проект на Кристофер Нолан ‘Одисеја‘ е митски акционен еп снимен низ целиот свет со помош на сосема нова филмска технологија ајмакс. Филмот ја носи сагата на Хомер за првпат на филмските екрани ајмакс“, соопшти „Јуниверзал“ на Икс.

Веќе е познато дека филмот ќе изобилува со ѕвезди, бидејќи во него ќе глумат Мет Дејмон, Том Холанд, Ен Хатавеј, Зендаја, Лупита Нјонго, Роберт Патинсон и Шарлиз Терон. Се очекува снимањето да почне во првата половина на следната година.

Нолан е сценарист на филмот и ќе биде продуцент заедно со својата сопруга и деловна партнерка Ема Томас.

Одисеја“ останува едно од најстарите литературни дела што сѐ уште се читаат од модерната публика. Ја следи приказната за грчкиот херој Одисеј за време на неговото бурно патување дома по Тројанската војна и ова ќе биде првпат Нолан да снима филм од ваков тип.

(Фото: АП)