ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА ПАДНА ПОРТОКАЛОВ СНЕГ

Москва, (Би-Би-Си)

Снег со портокалова нијанса ги изненади луѓето во земјите од Источна Европа.

Фотографии од необичниот феномен беа постирани на социјални мрежи од Русија, Украина, Бугарија, Молдавија и од Романија.

Метеоролозите објаснуваат дека тој настанал со мешањето на песокот од пустинските бури во Сахара со снег и дожд.

Ова се случува барем еднаш во пет години, со таа разлика што концентрацијата на песокот сега е поголема од обично. Луѓето дури се пожалиле дека го чувствуваат песокот во устата.

Скијачи и сноубордери имаа можност да возат во овие несекојдевни услови во зимски центар во близина на Сочи.