МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ „СТЕФАН ГАЈДОВ“ ВО ВЕЛЕС ДОБИ ОСУМ НОВИ ИНСТРУМЕНТИ

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ во Велес набави нови музички инструменти за наставата. Со пари од Општина Велес набавени се четири електрични пијананина, две виолончела и по една флејта и пијано од марката „Веинбах“.

„Наставниците и учениците од основното музичко училиште можат да учат и да се надградуваат на новите музички инструменти. Уште еднаш се потврди приоритетот на општината да се инвестира во квалитетот на образованието“, велат од локалната самоуправа.

ОМУ „Стефан Гајдов“ е најстарото музичко училиште во Македонија, запопчнало со работа ноември 1945, а било верифицирано на 15 јануари 1946. Има 172 ученици од прво до деветто одделение.

П. ПЕЧКОВ